Дома Фудбал Арбелоа веќе добива критики: Тој е таму само поради Мурињо!

Арбелоа веќе добива критики: Тој е таму само поради Мурињо!

Алваро Арбелоа сè уште не седнал на клупата на Реал Мадрид на официјална средба, а веќе е подложен на остри критики.

Поранешниот десен бек на „кралскиот клуб“ е карактеризиран како тренер кој ја добил позицијата најмногу заради својот однос кон Жозе Мурињо и заради тоа што често се истакнува како голем обожавател на португалскиот стратег.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Еден од тие што отидоа најдалеку во критиките е Оскар Гарсија, некогашен фудбалер на Барселона и тренер кој во својата кариера ги водеше Ремс, Селта и Олимпијакос. Тој директно го поврза изборот на Арбелоа со влијанието на Мурињо, со прилично остар коментар.

„Арбелоа сака да биде како Мурињо, а единствената причина зошто сега е тренер на Реал Мадрид е тоа што секогаш зборува за Мурињо“, изјави Гарсија.

Шпанецот е на мислење дека со овој потег, Реал направи чекор назад, особено ако се земе предвид дека Чаби Алонсо беше заменет со Арбелоа. Според него, разликата во тактичкото знаење е очигледна.

Гарсија нагласи дека, врз основа на она што го видел од Арбелоа во Кастиља, поранешниот шпански репрезентативец е далеку од нивото кое Алонсо го оставил во својот труд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок за Тудор: Не може да поверува што му се случува во Лондон!

Хрватскиот стратег Игор Тудор пристигна во Тотенхем со надеж дека ќе го спаси лондонскиот …