
Фудбалскиот свет со нетрпение ги очекува полуфиналињата на Африканскиот куп на нации, кој првпат по долго време е исполнет со најсилните четири тима, а сите погледи се насочени кон директната пресметка меѓу Мохамед Салах и Садио Мане.
Салах и Мане во своето време го водеа Ливерпул до најголемите успеси, освојувајќи ја Лигата на шампиони и Премиер лигата. Беа вистинска закана за одбраните на противничките тимови со години, но јавна тајна е дека двете големи ѕвезди не се сложуваа добро во тимот.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Често имаше “искри” меѓу нив, а за тоа зборуваше и нивниот трет член од одличното трио во нападот Роберто Фирмино. Бразилскиот напаѓач во својата книга откри дека често морал да дејствува како посредник меѓу нив.
“Тоа беше најлошо чуваната тајна во Ливерпул. Никогаш не беа пријатели, секој беше само за себе. Мојата улога беше миротворец меѓу нив, обединувајќи ги. Да не го правев тоа, на теренот меѓу нив ќе имаше вистинска бура”, изјави Фирмино и додаде:
SENEGAL VS. EGYPT
— ESPN FC (@ESPNFC) January 10, 2026
MANE VS. SALAH
What a matchup in the AFCON semifinals 🔥 pic.twitter.com/poxPeCbm3S
“Од прва рака видов како изгледаат погледите, изразите на лицето и говорот на телото кога беа лути еден на друг. Бев врската и гасител на пожарите меѓу нив. Моето чувство и должност беа да ја смирувам ситуацијата и да ја гасам огнот со вода, никогаш со нафта”, дополни Бразилецот.
Мане со неговиот Сенегал и Салах со неговиот Египет се соочуваат вечерва во 18 часот во полуфиналето на Африканскиот куп на нации. Тоа може да биде нивната последна пресметка еден против друг.
Во другото полуфинале се среќаваат Мароко и Нигерија во уште еден спектакуларен меч на две од трите најсилни африкански селекции во моментот.