Дома Фудбал Синот на Златан Ибрахимовиќ претставн во Амстердам!

Синот на Златан Ибрахимовиќ претставн во Амстердам!

Ајакс ја потврди шесмесечната позајмица на Максимилијан Ибрахимовиќ (19) од Милан, која вклучува и можност за трајно откупување од страна на холандскиот клуб.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Aјакс планира Ибрахимовиќ да тренира со првиот тим, додека за почеток ќе настапува за младинскиот тим..

Иако неговите менаџери разгледувале неколку понуди во Холандија, младиот играч на Милан ја одбрал опцијата за Ајакс поради добрите услови и перспективата кои му биле презентирани.

Во тековната сезона, во екипата на Милан Футуро, Максимилијан има постигнато пет гола и остварено исто толку асистенции во 18 натпревари, статистика што според неговиот славен татко, бара уште многу подобрување.

“Кул е што и тој играл за Ајакс. Среќен сум што ја имам и јас таа шанса, но Ибрахимовиќ е само презиме, а јас сум само Максимилијан”, изјави тој по пристигнувањето во клубот, осврнувајќи се на наследството на неговиот татко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Проблеми за Атлетико: Два клучни играчи се повредија против Арсенал и под знак прашалник се за реваншот

Нови големи проблеми со повреди за Атлетико Мадрид. Покрај отсуството од Пабло Бариос и Ни…