Дома Останати Ракомет Стевче Алушовски е нов тренер на Пелистер

Стевче Алушовски е нов тренер на Пелистер

Пелистер ја започнува 2026 година со промена на клупата и враќање на добро познато име во Битола. Стевче Алушовски е именуван за нов тренер на македонскиот шампион и ќе ја предводи екипата до крајот на актуелната сезона.

Искусниот 53-годишен тренер по неколкугодишна пауза повторно се враќа во својот матичен клуб, овојпат со задачата да го задржи Пелистер на врвот на македонскиот ракомет. Алушовски зад себе има богато тренерско искуство, а битолската публика добро го памети од периодите кога ги водеше Пелистер и Еурофарм Работник.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Нашиот нов почеток во 2026 година е поврзан со добро познато име. Стевче Алушoвски е нов тренер на Еурофарм Пелистер и ќе ја води нашата екипа до крајот на оваа сезона. 53-годишниот тренер по неколку години се враќа во својот матичен клуб, во улога на тренер на шампионот на Македонија. Алушoвски во два наврати водеше клуб од Битола – Пелистер и Еурофарм Работник, а сега го презема тимот на Еурофарм Пелистер.

Нашиот прославен репрезентативец тренерската, како и играчката кариера, ја започна во Битола. Во мак-ракометот ги водеше Вардар 1961 и Охрид, а кратко работеше и во Исланд. Прозивката на новиот тренер е закажана за в среда (14 јануари) во 17:00 часот“, објавија од клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Митев: Данска е фаворит, наше е да дадеме максимум!

Македонската ракометна селекција веќе е сместена во Данска, каде што ќе ги одигра сите три…