Дома Останати Тенис Алкараз и Синер одиграа ревијален натпревар и за 108 минути заработија по два милиони евра

Алкараз и Синер одиграа ревијален натпревар и за 108 минути заработија по два милиони евра

Карлос Алкараз и Јаник Синер одиграа ревијален тениски натпревар во Сеул каде што за само 108 минути игра заработија по два милиони евра. Тој спектакуларен натпревар привлече огромно внимание, а наградите за настап ги надминуваат оние за финалистите на многу турнири. Натпреварот во Сеул имаше официјално име Hyundai Card Super Match.

Алкараз го доби првиот сет со резултат 7:5 откако направи брејк во 12-тиот гем, а во вториот сет двата тенисери беа сигурни на своите сервиси, па тој беше решен во тај-брејк кој Алкараз го доби со 8:6. Двајцата, по настапот во Јужна Кореја, ќе отпатуваат во Мелбурн, каде што ги чека првиот голем турнир од сезоната, Австралија Опен.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Двајцата врвни тенисери, моментално меѓу најдобрите во светот, настапија на 10-ти јануари во Јужна Кореја пред Австралија Опен. Според извештаите, секој од нив доби околу два милиони евра, што е речиси колку и победникот на Гренд Слем турнир.

За споредба, победникот на машкиот сингл на Австралија Опен 2026 година добива околу 2.4 милиони евра, додека финалистите добиваат помалку. Овие егзибициски натпревари покажуваат колку се Алкараз и Синер барани на пазарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа ја дозна првата противничка во квалификациите на Австралијан опен

Лина Ѓорческа, најуспешната македонска тенисерка, утре ќе го отвори својот настап на Австр…