Дома Актуелно Навивачите го исфиркуваат, а Германецот игра фантастично – Еве што направи Озил оваа сезона!

Навивачите го исфиркуваат, а Германецот игра фантастично – Еве што направи Озил оваа сезона!

Дали навивачите се свесни за одличните настапи кои ги прикажува Германецот?

Арсенал денес во дербито на северен Лондон потсети на најдобрите денови, а еден од најдобрите натпревари во сезоната ги одигра Германецот, Месут Озил.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Озил оваа сезона често пати беше оспоруван од страна на навивачите за недоволно залагање во најважните моменти, но Озил со денешниот настап сигурно дека им ги затвори устите на критичарите.

Освен тоа што беше асистент при првиот гол на Мустафи, Германецот успеа креира неколку опасни прилики за својот тим.

После ова коло, Озил стигна до бројката од 34 создадени прилики за своите играчи и според овој параметар е најдобар во Премиер лигата.

Останува да видиме како ќе реагираат навивачите после овој настап на Озил, бидејќи сепак за големи дела потребна е константност во формата, а не повремен блесок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Лига на шампиони 2025/26 – Се она што сакате да знаете, а нема кого да прашате

Зад нас е неверојатно лето и покрај фактот што немавме некое големо спортско натпреварувањ…