Дома Фудбал Како да не можеше да си поверува што кажа: Погледнете ја реакцијата на Стариџ по изјавата на Кин за Фергусон (Видео)

Како да не можеше да си поверува што кажа: Погледнете ја реакцијата на Стариџ по изјавата на Кин за Фергусон (Видео)

Поранешниот играч за врска, Рој Кин, го изнесе своето мислење за состојбите во Манчестер Јунајтед, и во неговите коментари не го заобиколи ниту легендарниот тренер Алекс Фергусон. Додека ги критикуваше хаотичните одлуки на клубот, неговиот колега во студиото, поранешниот англиски и Ливерпул напаѓач Даниел Стариџ,тешко можеше да се задржи.

Кин, познат по своите страстни изјави, во директниот пренос на Sky Sports, го спомна Фергусон, кој, иако веќе не работи за клубот, сепак редовно ги следи натпреварите од трибините. Кин зборуваше за смената на тренерот Рубен Аморим и процесот на назначување нов менаџер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


“Што всушност се случува на тие интервјуа за работа? Се прашувам зошто постојано ја даваат работата на одредени луѓе. Што се случува на тие разговори кај што седат и после 12 или 14 месеци сфаќаат дека лицето не е соодветно за нив”, започна Кин.

“Дали не сфативте додека разговаравте со нив? Ги гледате во очи. Гледате кој во Манчестер Јунајтед ги повлекува потезите. Фергусон и Дејвид Гил и понатаму се вртат околу, како духови од минатото кои не можете да ги избркате.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Објавена нова снимка: Винисус прв го провоцирал Симеоне, се огласи и Атлетико! (Видео)

Реал Мадрид триумфираше над Атлетико со 2:1 во полуфиналето од шпанскиот Суперкуп, натпрев…