Борусија Дортмунд денес објаив дека суспензијата на првата ѕвезда на тимот, Пјер Емерик Обамејанг е укината и дека Габонецот ќе биде во конкуренцијата за наредниот натпревар на „петлите“.
Овој напаѓач го пропушти вчерашниот натпревар на „милионерите“ во кој Дортмунд беше поразен со 2:1. Имено, клбуот одлучи да го суспендира Обамејанг бидејќи наводно ја прекинал клубската дисциплина. Како што соопштија, Габонецот задоцнил на еден од тренинзите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, на многумина им е јасно дека тоа е само параван за да се сокрие вистинската приказна бидејќи самиот Обамејанг потврди дека тоа не е вистина. Сепак, управата на овој клуб експресно реагираше и одлучи да ја укине суспензијата на Обамејанг, па тој ќе биде спремен за натпреварот во Лигата на шампионите против Тотенхем.
„Секој клуб има свои правила. Ние сме како семејство и никој не е поголем од клубот. Кога ќе прекршил некое правило нормално е да бидеш казнет. Кога во прашање е Обамјенаг тој ќе биде во конкуренција за наредниот натпревар против Тотенхем“, изјави Ханс Јоаким Вацке.