Дома Фудбал Официјално: Потврден најголемиот трансфер во јануари – 75 милиони евра!

Официјално: Потврден најголемиот трансфер во јануари – 75 милиони евра!

Манчестер сити го заврши трансферот што им дава дополнителна надеж дека можат до титулата оваа сезона. 

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Од денеска е и официјално, Антоан Семењо е нов фудбалер на „граѓаните” и на сметката на Борнмут се исплатени 75.000.000 евра, што дефинитивно е најголемиот трансфер во овој преоден рок. 

Од својот поранешен клуб се прости на уникатен начин, со гол против Тотенхем во продолжението за победа од 3:2. 

„Го следев Сити во последната деценија под водство на Пеп Гвардиола и беа доминантен тим во Премиер лигата, со тоа што постигнаа неверојатни успеси во Лигата на шампионите, ФА купот и Лига купот. Поставија највисоки стандарди и тоа е клуб со играчи од светска класа, врвни услови и еден од најголемите тренери на сите времиња – Пеп.

Имам огромен простор за напредок, така што доаѓањето во овој клуб, во оваа фаза од мојата кариера, е совршено за мене. Голема е привилегија да бидам тука.

Сигурен сум дека мојот најдобар фудбал допрва претстои. А Сити е во одлична позиција – сè уште е во игра во четири натпреварувања. Навистина верувам дека можам да им помогнам да имаат силна втора половина од сезоната.

Етихад е мојот нов дом. Едвај чекам да играм пред навивачите овде и се надевам дека ќе им покажам на сите што можам“, се претстави Семењо. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од вечерва кариерата на Ансу Фати доби сосема друга димензија!

Ансу Фати по 14 години повеќе не е играч на Барселона. Монако го купи неговиот договор за …