Дома Фудбал Реал Мадрид го совлада Атлетико и ќе игра финале против Барселона

Реал Мадрид го совлада Атлетико и ќе игра финале против Барселона

Реал Мадрид го победи Атлетико Мадрид со 2:1 во второто полуфинале од турнирот за Суперкупот на Шпанија и в недела ќе се натпреварува со Барселона за трофејот.

Федерико Валверде постигна гол за “белите” уште во втората минута од слободен удар, а во 55-та Родриго го зголеми водството. “Јорганџиите” вратија еден гол преку Александер Сјорлот во 58-та минута. Турнирот се одржува во Саудиска Арабија.

Во другото полуфинале во средата, Барса го совлада Атлетик Билбао со 5:0. Финалето ќе биде повторување на минатогодишното, кога каталонците ги поразија “кралевите” со 5:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…