Дома Фудбал Договор каков ретко се гледа: Ендрик би можел целосно бесплатно да игра за Лион, но постои еден услов

Договор каков ретко се гледа: Ендрик би можел целосно бесплатно да игра за Лион, но постои еден услов

Реал Мадрид и Лион постигнаа договор кој привлече големо внимание во европската фудбалска јавност, а се однесува на заемот на еден од најталентираните млади фудбалери во светот, Ендрик.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако на прв поглед изгледа како класичен договор за заем, деталите на договорот откриваат многу покомплексна и интересна приказна.

Според достапните информации, основната сума што Лион треба да ја плати на Реал Мадрид за едногодишниот заем изнесува милион евра.

Меѓутоа, таа сума е директно поврзана со минутажата, односно бројот на натпревари што младиот Бразилец ќе ги започне во стартната постава на францускиот клуб.

За секои пет натпревари во кои Ендрик ќе биде стартер, Лион ќе плаќа по 200.000 евра помалку.

Со други зборови, колку повеќе игра, толку ќе биде поевтин заемот. Доколку Ендрик започне 25 натпревари во Лига 1 и другите натпреварувања, Лион нема да мора да плати ниту едно евро на Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатно: Видео од четири минути ги покажува сите спорни одлуки на натпреварот на Египет и Аргентина (Видео)

Од првото коло на Мундијалот, кога во натпреварот против Алжир Лионел Меси не доби црвен, …