Дома Фудбал Откриена огромната сума која Јунајтед ја плати за ангажманот и отказот на Аморим

Откриена огромната сума која Јунајтед ја плати за ангажманот и отказот на Аморим

Рубен Аморим доби отказ од тренерската позиција во Манчестер Јунајтед по само 14 месеци, а целиот договор со неговото ангажирање и предвремено раскинување чинеше околу 32 милиони евра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Португалецот во понеделникот бил повикан во тренинг центарот Карингтон, каде извршниот директор Омар Берада и спортскиот директор Џејсон Вилкокс му предале отказ, поради конфликт со раководството на клубот, пишува Дејли Меил.

Цена на неуспешната епизода

Само компензацијата за Аморим изнесува 10 милиони евра, со што вкупниот трошок од неговиот престој на Олд Трафорд достигнува неверојатни 32 милиони евра.

Да потсетиме, Јунајтед во октомври 2024 плати 9.5 милиони евра како отштета на лисабонскиот Спортинг за негово доведување, плус дополнителни еден милион евра за предвремен почеток на работата. Годишната плата му изнесуваше 7.5 милиони евра, а компензацијата за остатокот од договорот кој важеше до јуни 2027 изнесува над 11.5 милиони евра.

Клубот исто така ќе мора да го исплати и петчлениот стручен штаб кој дојде со него од Португалија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Reакцијата на Инфантино по голот на Египет може да биде предмет на нов скандал на Мундијалот

Натпреварот меѓу Аргентина и Египет на Светското првенство донесе вистинска фудбалска драм…