Дома Фудбал Најтешкиот момент во животот на Ибрахимовиќ: Ја напушти жената и болниот син

Најтешкиот момент во животот на Ибрахимовиќ: Ја напушти жената и болниот син

Златан Ибрахимовиќ изгради кариера и имиџ врз основа на незапирливата сила, ароганцијата и речиси божествената самодоверба. Но, во својата пофалена автобиографија „Јас сум Златан“, шведската фудбалска икона открива момент на целосна немоќ кој го скршил и го натерал на потег што, како што вели, долго не можел себеси да го прости.

Тоа беше моментот кога неговиот штотуку роден син Максимилијан ја водеше најтешката животна битка, а Златан, наместо да биде столб на семејството, избега од болницата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Набрзо по раѓањето на постариот син Максимилијан во 2006 година, Златан и неговата невенчана сопруга Хелена Сегер забележале дека нешто не е во ред. Детето не добиваше на тежина, напротив, ја губеше и постојано повраќаше.

„Не знаевме бидејќи тоа нормално? Повраќаше навистина постојано. Зборував со семејството и пријателите и сите ме тешеа дека тоа не е страшно, се обидував и самиот себеси тогаш да се утешам“, се сеќава Ибрахимовиќ во својата книга. Кога конечно го однеле на лекар, следел шок. Детето беше итно задржано во болница.

„Целото тело ми беше во грч. Никогаш не сум се чувствувал така, ни блиску. Додека не добив дете, бев господин Недопирлив. Можев да бидам и бесен и луд, да покажам сите можни емоции. И сѐ можеше да се реши ако си тврд и упорен, но ова не беше ништо од тоа. Бев немоќен“, напиша тој. Состојбата се влошуваше. „Максимилијан од ден на ден беше сѐ послаб, беше толку малечок што се гледаше дека стана коска и кожа. Изгледаше како животот да го напушта.“

Лекарите утврдиле дека новороденчето мора итно да оди на операција на желудникот. Таа вест сосема го скршила фудбалерот кој во тоа време беше ѕвезда на миланскиот Интер. Осеќајот на немоќ беше преголем.

„Не го помнам патот до болницата. Се сеќавам само на ходниците во болницата и мирисите. Трчав и прашував само каде ми е синот, на крајот ме одведоа до големата сала каде што Максимилијан лежеше во инкубатор. Беше помал од кога било… Имаше цевчиња низ телото и носот. Тогаш како да ми беше скинато срцето од градите“, стои во потресното признание од автобиографијата.

Во тој момент, соочен со најголемиот страв, Златан се скрши. Не можеше да остане покрај синот и сопругата. „’Ве сакам двајцата. Сѐ сте ми. Но не можам ова да го поднесам. Назови ме за најмалата ситница што се случува’, ѝ реков на Хелена и избегав од болницата.“

Среќа, операцијата успеа и Максимилијан целосно се опорави. Денес е здрав младич кој, заедно со помладиот брат Винсент, ги следи стапките на таткото во младинските категории на Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола повторно има маки: Сити принуден да троши пари и во јануари?

Пеп Гвардиола и Манчестер Сити ќе имаат многубројни проблеми во претстојниот период. Реми …