
Антонио Рудигер повторно ја искористи паузата во сезоната за да им помогне на другите. Дел од својот одмор го помина во Сиера Леоне, земјата од каде потекнува неговата мајка, за да ја посети хуманитарната фондација која ја основал за да помогне на оние на кои им е потребна помош во таа земја. Ова беше трета посета на дефанзивецот на Реал Мадрид и германската репрезентација на Сиера Леоне.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Еден од примери на посетата беше големата програма за помош на лицата со инвалидитет. Рудигер организираше заеднички оброк за повеќе од 200 луѓе, вклучувајќи слепи, глуви и лица со физички инвалидитет. Освен што ја подели храната и основните потреби, одвои време да се дружи лично со нив. Се сретна и со спортисти со инвалидитет.
Во округот Коно на истокот на Сиера Леоне, Рудигер својот фокус го насочи кон развојот на младите преку фудбал. Во партнерство со еден спортски производител, поддржа повеќе од 350 млади фудбалери со целосна спортска опрема и им се придружи на теренот на тренинзите.
.Las Navidades de Rüdiger en Sierra Leona 🎅🏿
— MARCA (@marca) January 2, 2026
El jugador del Real Madrid desata la locura en el país africano 🇸🇱 pic.twitter.com/P9oGaCkcCO