
Виктор Осимен повторно е во центарот на вниманието на европската фудбалска јавност, а најновите информации наговестуваат можност за голем трансфер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според расположливите извори, нигерискиот напаѓач неодамна бил понуден на минхенскиот Бајерн преку англиски посредник.
Оваа вест веднаш предизвика бројни реакции, со оглед на името на Осимен и статусот на еден од најопасните напаѓачи на денешницата.
По престојот во Турција, шпекулациите се сè погласни дека Осимен би можел да направи нов чекор во кариерата и да се врати на најголемата европска сцена.
Самиот играч, како што се наведува, Бајерн го доживува како исклучително голем и респектабилен клуб, што дополнително ги поткрева приказните за можен трансфер.
Профилот на Осимен совршено се вклопува во филозофијата на германскиот гигант, со оглед на неговата сила, брзина и завршница.
Сепак, засега не е познато дали Баерн е подготвен конкретно да реагира или се работи само за почетен контакт.
Финансискиот аспект на трансферот би можел да претставува најголема пречка, бидејќи Осимен е еден од најскапите напаѓачи на пазарот.