Дома Фудбал Oфицијално: Милан има нов напаѓач

Oфицијално: Милан има нов напаѓач

Фудбалерот на Вест Хем, Никлас Фулкруг, ќе игра на заем до крајот на сезоната во Милан, потврди денеска италијанскиот клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Милан има можност да го откупи 32-годишниот германски репрезентативец за околу пет милиони евра на крајот на сезоната.

Фулкруг веќе започна со тренинзи заедно со новите соиграчи веќе кон крајот на минатата година откако ги помина медицинските прегледи. Може веднаш да дебитира, а тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, потврди дека ќе биде на клупа за натпреварот против Каљари во Серија А.

Поранешниот напаѓач на Вердер Бремен и Борусија Дортмунд потпиша со Вест Хем во 2024 година, но не успеа да остави добар впечаток.

Фулкруг одигра 29 натпревари во Премиер лигата и постигна само три гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Снимка од брутална тепачка меѓу англиски фудбалери ја шокира планетата (Видео)

На социјалните мрежи се појави видео од инцидентот во кампот на младите селекции на Англиј…