
Младиот напаѓач на францускиот прволигаш Анжер,Сидик Шериф (19) е на чекор до трансфер во редовите на Милан, пренесуваат француските и италијанските медиуми.
Шериф е физички силен напаѓач, висок 195 см, тежок 84 кг, а игра подеднакво квалитетно со двете нозе.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Роден е во Гвинеја, но живее во Франција од својата петта година. Француските медиуми наведуваат дека Анжер нема да го пушти за помалку од 25 милиони евра.
Се наведува дека Милан веќе долго време го „лови“, но во игра се и Кристал Палас, Виљареал, ХСФ, Ајнтрахт…
Пред неколку дена тренерот Александар Дуже откри дали Анжер има сила да ги одбие профитабилните понуди.
„Дали клубот ќе биде способен да одбие понуда речиси еднаква на годишниот буџет? Тоа е големо прашање. Се разбира, постои загриженост за потенцијалните заминувања, но така е, сме дел од економскиот систем кој, за клуб како нашиот, во голема мера се потпира на продажба на играчи. Ќе видиме што ќе се случи“, изјави за француските медиуми.