Дома Фудбал Легендарниот голман потпишува нов договор, ќе брани и на 47 години

Легендарниот голман потпишува нов договор, ќе брани и на 47 години

Легендарниот 45-годишен голман Фабио ќе продолжи да брани за боите на Флуминенсе. Бразилскиот клуб и официјално го потврди продолжувањето на договорот со својата икона до крајот на 2027 година. Флуминенсе постигна договор за продолжување на соработката со Фабио, чиј претходен договор истекуваше на крајот на 2026 година.

Со новиот потпис, голманот кој поседува светски рекорд по бројот на настапи се обврза на верност кон клубот до декември 2027, започнувајќи ја и својата петта сезона во дресот на славниот клуб. Во моментот има 1417 професионални настапи во кариерата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Приказната на Фабио со Флуминенсе започна во 2022 година. Во изминатите четири сезони, тој има постигнато 261 настап и бил еден од клучните играчи во историските успеси на клубот. Во оваа соработка, тој го освои главниот трофеј во својата богата кариера, Копа Либертадорес во 2023 година. Покрај тоа, го додаде и трофејот Копа Рекопа во 2024 и две последователни првенства на Карикока во 2022 и 2023 година.

Играјќи за Флуминенсе, Фабио успеа да постигне импресивни индивидуални успеси. Летово го надмина англискиот легендар Питер Шилтон и стана играч со најмногу официјални настапи во историјата на светскиот фудбал.

Неговите извонредни партии не останаа незабележани. По блескава сезона и одлични настапи на Светското клубско првенство организирано од ФИФА во 2025 година во САД, Фабио заслужи номинација за наградата “The Best FIFA” за 2025 година, конкурирајќи за место во најдобриот светски тим на годината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Распадори кажа “да” на Рома

Рома презема одлучни чекори на трансферниот пазар и е близу до финализирање на ангажманот …