Дома Фудбал Останато Приказна како за на филм: Со оштетен вид чекори кон титулата на Светското првенство во пикадо!

Приказна како за на филм: Со оштетен вид чекори кон титулата на Светското првенство во пикадо!

Светското првенство во пикадо годинава е во полн ек, при што оваа сезона донесе многу изненадувања. Неколку од фаворитите веќе ја завршија својата игра, вклучувајќи ги и вториот и третиот светски рангирани играчи, Лук Хамфриз и Мајкл Ван Гервен, што создаде можност за нови херои и потенцијални сензации.

Еден од тие херои е 38-годишниот Рајан Сеарл, кој успеа да се пробие речиси непоколебливо до полуфиналето на Светското првенство. Ја има честта да се сретне со тинејџерската сензација Лук Литлер. Двобојот помеѓу нив двајца ветува вистинска драма, имајќи предвид дека и двајцата загубија само по два сета на патот до полуфиналето. Никој не очекуваше дека Сеарл ќе дојде до оваа фаза, не само поради ранкингот, туку и поради неговата неверојатна животна приказна.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Под псевдонимот “Хеви Метал”, Сеарл живее со состојбата автосомно доминантна оптичка атрофија. Ова здравствено попречување предизвикува постепено слабеење на очниот нерв, што резултира со нарушување на видот. Неговите достигнувања со оваа состојба се уште поимпресивни.

“Само во последните две години разбрав каква е точно дијагнозата на мојот вид. Отсекогаш имав слаб вид, но да имам точна дијагноза е навистина олеснување, бидејќи те става во ситуација каде знаеш што не е во ред. За ова нема лек, така што морам да научам да живеам со тоа”, го сподели Сеарл.

Исто така, тој објасни како се справува со проблемите во текот на натпреварите. “Сега носам леќи и се обидувам да го намалам ефектот на заматен вид. Но, како што можете да видите, понекогаш на сцена прашувам колку поени добив, а понекогаш не, што може да ме стави во незгодна ситуација. Навистина е тешко.”

Со победата против Џони Клејтон во четвртфиналето (5:2), Сеарл обезбеди награда од 200 илјади фунти, а освојувањето на турнирот би му донело неверојатни милион фунти. Но, парите не му се прв приоритет. Тој е фокусиран на подигнување на свеста за тешката болест што влијае на неговото семејство.

“Се обидувам да соберам средства за фондацијата Cure ADOA Foundation. Ова ми значи многу. Очигледно е дека оваа болест ја имам и јас. Станува збор за наследно заболување кое го пренесов на моите две деца. Мојот син го има во помала мера од мене, но мојата ќерка го има многу изразено”, сподели англискиот пикарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Џошуа по несреќата во која загинаа двајца негови пријатели може веќе никогаш да не се бори

Еден од најпознатите борци на светската сцена, Ентони Џошуа, можеби нема да може повторно …