
Турскиот шампион Галатасарај планира да го засили својот тим за време на зимскиот трансфер период, а играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Мануел Угарте (24), е високо на нивната листа на приоритети.
Според британските медиуми, клубот од Истанбул има намера да го ангажира уругвајскиот репрезентативец на шестмесечна позајмица, со можност за откуп на договорот на крајот од сезоната за 20 милиони евра.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Угарте оваа сезона настапи на 12 натпревари за Манчестер Јунајтед, но само три пати беше во почетниот состав, што Галатасарај го гледа како своја шанса.
Угарте е познат по својата дефанзивна игра, а токму таков играч бара тренерот на турскиот клуб, Окан Бурук. Во Галатасарај веруваат дека можноста за учество во Лигата на шампионите може да биде привлечна за уругвајскиот играч за врска.
Дополнителна предност за турскиот шампион е што веќе еден Уругваец, Лукас Тореира, игра во тимот, па клубот се надева дека и неговите позитивни искуства би можеле да помогнат во одлуката на Угарте да ја продолжи кариерата во Истанбул.
Галатасарај е водечки тим во турското првенство, со три бодови повеќе од второпласираниот Фенербахче. По шест кола во Лигата на шампионите, клубот се наоѓа во позиција што води во осминафинале.
Угарте пристигна во Јунајтед летото 2024 година од Пари Сен Жермен за 50 милиони евра. Парижани, пак, платиле 60 милиони евра на Спортинг за негов услуг една година порано.