Дома Фудбал Челси го исфрли најплатениот играч од тимот, а сега се ослободува од него

Челси го исфрли најплатениот играч од тимот, а сега се ослободува од него

Поранешната ѕвезда на Челси, Рахим Стерлинг, кој падна во втор план кај тренерот Енцо Мареска, би можел веќе во јануари да го напушти клубот, а кариерата би можел да ја продолжи во тимот на градскиот ривал Фулам. Клубот од Крејвен Котиџ и претходно покажал интерес за англискиот репрезентативец, кој оваа сезона нема забележано ниту еден настап откако италијанскиот стратег го прогласи за вишок, пишува Goal.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Според новите информации, Фулам планира да го оживее интересот за Стерлинг, кој – заедно со одбранбениот играч Аксел Дисаси и напаѓачот Давид Датро Фофана – тренира одвоено од првиот тим на Челси. Се наведува дека Челси е подготвен да покрие поголем дел од годишната плата на Стерлинг од 19 милиони евра (најплатениот играч на тимот) за да го олесни неговото заминување во зимскиот трансфер период.

Сепак, изгледа дека Фулам му дава приоритет на другата понуда за напаѓачот на ПСВ Ајндховен, Рикардо Пепи, откако нивната почетна понуда од 30 милиони евра беше одбиена порано оваа недела. Американскиот репрезентативец Пепи (22) игра во одлична форма за водечкиот тим на Ередивизие, постигнувајќи 10 голови во 21 настап оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сака е херојот, Арсенал по 20 години ќе игра финале во Лигата на шампионите! (Видео)

Фудбалерите на Арсенал конечно по две децении обезбедија место во финалето на Лигата на ша…