Дома Фудбал Да не беше фудбалер Лука Модриќ ќе беше… интересно

Да не беше фудбалер Лука Модриќ ќе беше… интересно

Средниот фудбалер на Милан Лука Модриќ откри со што би се занимавал ако не беше фудбалер и тоа еден од најдобрите во светот во последните две децении.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Хрватскиот репрезентативец стана славен играјќи за Реал Мадрид, каде што освои бројни трофеи, а пред да пристигне во шпанската престолнина беше член на Тотенхем и загрепски Динамо.

„Сакам нормалност. Нормално семејство, нормален живот, мали нешта. Не се чувствувам посебен. Никогаш не сум помислил дека сум над некого. Ако не бев фудбалер, веројатно ќе бев келнер. Бев добар во тоа, ми беше убаво,“ рече Модриќ за Коријере дела Сера и продолжи:

„Одев во училиште за хотелиерство. Во прва година стажиравме во ресторанот ‘Марина’ во Задар, каде што се одржуваа свадбени прослави. Служев пијалаци, а хрватските венчавки вклучуваат многу пијалаци. Единственото што не сакав беше миењето садови.“

Модриќ летото 2025 потпиша договор со Милан и во 16 натпревари од Серија А постигна еден гол со две асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Салах остро го нападна Слот

Мохамед Салах испрати остра критика кон менаџерот Арне Слот после поразот од Астон Вила. З…