Дома Фудбал На Роберто Карлос итно му била направена операција на срце!

На Роберто Карлос итно му била направена операција на срце!

Легендарниот Бразилец Роберто Карлос денес беше подложен на операција поради кардиоваскуларни компликации.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бразилските медиуми објавија дека Карлос почувствувал непријатност и веднаш се консултирал со лекари, по што бил хоспитализиран и опериран во постапка која траела три часа. Лекарите откриле тромб во ногата, а дополнителните испитувања откриле и аномалија на срцето, што ја направило хируршката интервенција неизбежна.

Иако деталите не се откриени, повеќе извори тврдат дека неговата состојба е стабилна и дека е надвор од животна опасност.

Карлос ќе остане в болница во Сао Паоло и наредните денови ќе биде подложен на дополнителни медицински испитувања.

Во текот на својата кариера, Карлос играше за Палмеирас, Интер, Реал Мадрид, Фенербахче, Коринтијанс, Анжи и Делхи, додека за бразилската репрезентација настапуваше во 125 натпревари од 1992 до 2006 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неочекувана трансфер приказна: Милан и понуди играч на Барселона

Барселона е во потрага по нов напаѓач, а во таа потрага се појави име кое речиси никој не …