Дома Фудбал Ибрахимовиќ за Модриќ: Не игра фудбал, тој е фудбал – погледнете ја само оваа фотографија

Ибрахимовиќ за Модриќ: Не игра фудбал, тој е фудбал – погледнете ја само оваа фотографија

Легендарниот шведски фудбалер Златан Ибраимовиќ се изјасни за Лука Модриќ, и уште еднаш изрази големо почитување за сѐ што хрватскиот ветеран постигнал во светот на фудбалот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Иако веќе има 40 години, Модриќ не покажува знаци на забавување, напротив, тој го води Милан во борбата за титулата во Италија. Во моментов, Милан е само на еден бод од лидерската позиција во Серија А.

Во текот на изминатите денови, во италијанскиот град Тренто се одржуваше Фестивал на спортот, каде што Ибраимовиќ беше еден од говорниците. Особено внимание привлекоа неговите зборови за Лука Модриќ.

„Модриќ е маестро. Кога тој влегува на терен, тој не игра фудбал, тој е фудбал. Има извонреден менталитет што го покажа по натпреварот на Милан и Наполи. Погледнете ја оваа фотографија, она кажува сѐ”, изјави Ибраимовиќ и ја покажал фотографијата на Модриќ како го слави триумфот на коленици по победата над Наполи.

На таа фотографија, иако е ветеран што освоил сѐ што може да се освои и станал најтрофејниот играч во историјата на Реал Мадрид, се гледа како Модриќ слави една „обична“ победа над Наполи.

На теренот во тој момент во дресот на Милан, сите играчи беа помалку трофејни од Модриќ, но никој така емотивно не го славеше триумфот како хрватскиот фудбалер, со што уште еднаш покажа врвен менталитет на шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо ги отвори картите: Бенфика е Бенфика, но Реал Мадрид не се одбива!

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, призна дека постои можност да се врати во Реал Мадрид, н…