Дома Фудбал Недела за Семењо: Се е подготвено за „бомба“ на Островот!

Недела за Семењо: Се е подготвено за „бомба“ на Островот!

Антоан Семењо посакува да го финализира својот трансфер уште на почетокот на јануари.

Англиските медиуми наведуваат дека Семењо не планира да чека долго, бидејќи е свесен дека неговата откупна клаузула од 65.000.000 фунти истекува на 10 јануари.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Манчестер Сити ги интензивира своите преговори, при што агенти на Семењо наводно биле забележани во еден хотел во Манчестер, што сугерира дека официјалната понуда ќе биде доставена веднаш по Нова година.

Во Борнмут го очекуваа интересот на Ливерпул и конкретна понуда, особено поради врските со Ричард Хјуз, кој претходно беше дел од “црешите” и сега е спортски директор на Ливерпул. Сепак, во Ливерпул се двоумат дали Семењо е вистинското решение, особено за таква сума, откако летоска потрошија 450.000.000 евра.

Оваа сезона Семењо привлекува внимание, Пеп Гвардиола веќе неколку месеци го следи и смета дека тој може да биде напаѓач што ќе обезбеди голови од крилните позиции.

Очигледно, некој ќе мора да замине, бидејќи позициите зад Ерлинг Халанд се презаситени. Таму се Омар Мармуш, Жереми Доку, Савињо, Фил Фоден и Рајан Шерки.

Но, извесно е дека оваа недела ќе го дочекаме првиот, а можеби и најголемиот зимски трансфер во Премиер лигата…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кристијано Роналдо се појави со часовник вреден над 700 000 евра

Кристијано Роналдо повторно се најде во центарот на вниманието за време на наградите Globe…