Дома Ракомет Лазаров: Нема да биде лесно, очекувањата од нас секогаш се големи

Лазаров: Нема да биде лесно, очекувањата од нас секогаш се големи

Македонија загуби на пријателскиот меч против Хрватска (23-26) во Пореч пред почетокот на Европското првенство (ЕП) во ракомет кое се игра во јануари идната година.

Селекторот Кире Лазаров кажа дека одредени проблеми на теренот скапо го чинеле македонскиот тим.

„Имавме многу проблеми, имаме многу дупки, но се обидовме да направиме некои работи на најдобар начин, да се обидеме со некои нови сили. Нема да биде лесно, очекувањата од нас секогаш се големи, ќе беа уште поголеми ако денес победевме, но ќе се бориме“, кажа Лазаров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Карачиќ за цената на европскиот врв: Без плата размислував да го оставам ракометот

Игор Карачиќ откри дека во периодот на втората европска титула со Вардар со месеци немал п…