Дома Фудбал Симеоне пред дербито: Играме против најдобриот клуб во светот

Симеоне пред дербито: Играме против најдобриот клуб во светот

simeone

Утре со почеток од 20:45 часот во Шпанија се игра големото дерби помеѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, а пред овој натпревар на конференцијата за новинари зборуваше тренерот на „јорганџиите“, Диего Симеоне.

„Јорганџиите“ ќе бидат домаќини, но Симеоне се обиде притисокот да го префрли на страна на противникот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ќе играме против најдобриот тим во светот, како што тоа беше Барселона своевремено. Освоија две титули во Лигата на шампионите во низа, ја освоија лигата…Во овој момент тие се најдобриот клуб, доведоа неколку добри фудбалери од останатите шпански клубови поради тоа ова ќе биде исклучително тежок натпревар“, изјави Симеоне.

Потоа Симеоне потврди дека Евертон покажал интерес за неговите услуги.

„Прочитав, тоа е нормално, но јас секогаш зборував дека мојата иднина е поврзана со Атлетико Мадрид и се надевам дека тука ќе останам до крајот на договорот“, изјави Симеоне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…