Дома Кошарка Вучевиќ и Адетокумбу влегоа во судир, настана хаос! (Видео)

Вучевиќ и Адетокумбу влегоа во судир, настана хаос! (Видео)

Кошаркарите на Милвоки извојуваа победа против Чикаго со 112:103, прекинувајќи ја серијата на Булс од пет победи во низа. Сепак, завршницата на натпреварот донесе и низа напнати моменти на теренот.

Во центарот на вниманието беше Јанис Адетокунбо, кој по пауза од осум натпревари се врати на паркетот и веднаш ги потсети сите за каков играч станува збор, завршувајќи го мечот со 29 поени. Но, по последниот свиреж не се зборуваше само за неговите кошаркарски вештини.

Имено, во моментите кога победникот веќе беше познат, Бакс направија уште еден брз напад, а топката стигна до Адетокунбо, кој со спектакуларно закуцување стави конечен печат на натпреварот. Тој потег очигледно не им се допадна на кошаркарите на Чикаго.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Петмина двоцифрени во Куманово, Кожув запрен со 17 поени разлика

Куманово го совлада Кожув со 91:74 и се врати на победите по поразот од Работнички. Двата …