Дома Останати Кошарка Нов монструзен наастап на Јокиќ: Го запиша својот 180. трипл-дабл! (Видео)

Нов монструзен наастап на Јокиќ: Го запиша својот 180. трипл-дабл! (Видео)

Најдобриот српски кошаркар Никола Јокиќ продолжува да ја испишува историјата на НБА лигата, но ни неговиот нов фантастичен настап не беше доволен за Денвер да избегне пораз од Орландо со резултат 127:126.

Во натпревар полн со пресврти, Нагетс изгубија двоцифрена предност, додека Џамал Мари промаши шут за победа во последната секунда.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Јокиќ повторно покажа зошто е апсолутно најдобар на теренот. Оствари својот 180-ти трипл-дабл во кариерата, постигнувајќи 34 поени, 21 скок и 12 асистенции.

Осми пат српскиот центар постигнува резултат од најмалку 30/20/10, дополнително зајакнувајќи ја својата доминација. Овој подвиг покажува колку е редок преку статистиката која вели дека сите останати активни играчи во НБА лигата заедно тоа го постигнале само неколку пати.

Додека Денвер контролираше и влезе во последната четвртина со 11 поени разлика, домаќинот го преокрен резултатот со серија од 12-4 и извонреден шут процент од 67% во второто полувреме.

Во завршницата на натпреварот, Јокиќ ја презеде одговорноста постигнувајќи шест од последните осум поени на својот тим, вклучително и слободни фрлања за водство од 126:125 на 12 секунди до крајот. Сепак, Дезмонд Бејн беше сигурен од пенал за Орландо и ја врати минималната предност.

Последниот напад на Денвер беше доверен на Џамал Мари. Под силен притисок од одбраната на домаќинот, на Мари му испадна топката за момент, што го присили на тежок и неточен шут на звукот на сирената.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Урнебесна сцена во НБА: Се степаа џин и џуџе! (Видео)

Феникс Санс дојде до вредна победа на гостувањето кај Њу Орлеанс со 120-114, но наместо ре…