Португалецот Пепе минатото лето го напушти Реал Мадрид, а кариерата ја продолжи во Турција во редовите на Бешикташ.
Варан автоматски го превзема неговото место во тимот, а се очекуваше дека добри настапи да прикажува Хесус Валехо кој се врати во Реал после позајмицата во Ајнтрахт.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, Реал во досегашниот дел од сезоната не блеска во одбраната, често пати примаат погодоци, па поради тоа управата одлучи да ја засили конкуренцијата во последната линија.
Зидан е свесен дека му е потребен уште еден фудбалер кој ќе биде на нивото на Рамос и Варан, а според информациите на шпанските медиуми три имиња се во игра.
Во прашање е дефанзивецот на Атлетик Билбао, Емерик Лапорт, дефанзивецот на Манчестер Сити, Николас Отаменди, како и братот на новиот фудбалер на Реал Тео Ернандез, Лукас кој ги брани боите на Атлетико Мадрид.
Не е дефинирано колку пари на Реал би му биле потребни за доведување на еден од овие тројца фудбалери, според пазарната вредност најефтина опција е Лукас Ернандез кој се проценува на 15 милиони евра, Лапорт е за 10 милиони евра поскап, додека вредноста на Отаменди се проценува на 30 милиони евра, според „трансфермаркт“.