
“Сините” имаат желба да се разделат со Рахим Стерлинг, но англиското крило не отстапува од своите барања. Неговиот договор е валиден до 2027 година и е многу скап.
Рахим Стерлинг беше еден од највлијателните англиски фудбалери во 2010-тите, но последните години од неговата кариера како брз напаѓач се обележани со голем пад. Толку многу, што во Челси е надвор од плановите на Енцо Мареска, дури и не го регистрираше за сите натпреварувања.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Стерлинг пристигна во клубот во 2022 година, откако Манчестер Сити доби 56 милиони евра за трансферот, но на “Стамфорд Бриџ” неговата ѕвезда не сјаеше како под водство на Пеп Гвардиола на “Етихад”. Минатата сезона беше позајмен на Арсенал, а весникот “The Times” открива дека Челси сака да се ослободи од него во јануари, што не е едноставна задача.
Стерлинг е на силен договор кој му донесува 370 илјади евра седмично и моментално тренира одделно, не сакајќи да се одрече од оваа профитабилна плата. Фудбалерот е подготвен да си замине, но само на позајмица и тоа во екипи од Лондон, бидејќи неговото семејство живее во англиската престолнина и Стерлинг му дава огромно значење на нејзината стабилност.
Во Премиер лигата не недостасуваат опции за лондонските клубови — Арсенал, Брентфорд, Кристал Палас, Фулам, Тотенхем и Вест Хем, но ќе биде потребно некој од нив да покаже интерес за играчот кој не е настапувал од 25 мај.