
Четврта година по ред, Мохамед Салах е мета на онлјан критики од муслиманската заедница, поради неговата традиционална божиќна објава на Инстаграм.
Мохамед Салах стана центар на негативни коментари од страна на неговите муслимански следбеници, кои го искажаа своето незадоволство поради неговата фотографија покрај божиќната елка.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Иако оваа египетска ѕвезда на Ливерпул моментално е во Мароко поради обврските со репрезентацијата на Африканскиот куп на нации, неговото семејство во Англија го прославува празничниот период. Сепак, неговата објава на социјалните мрежи предизвика онлајн реакции кон него.
Напаѓачот на Ливерпул доби многубројни коментари кои изразуваа разочарување, а многумина го критикуваа за неговиот избор. Некои го нарекоа неговиот потег „тажен“ за спортист кој се смета за „претставник на исламот“.
„Мо Салах, те обожавав како навивач на Манчестер сити. Беше мој пример. Иако никогаш не си играл за Сити, ме инспирираше. Но, после ова, не можам веќе да те гледам како пример за мене. Ми го скрши срцето“. „Ти си муслиман… треба да ја почитуваш својата вера и култура… каква порака испраќаш на милиони луѓе?“, беа само некои од коментарите.