Дома Фудбал Продолжува скандалот во Турција: Уапсен и поранешен потпретседател на Галатасарај!

Продолжува скандалот во Турција: Уапсен и поранешен потпретседател на Галатасарај!

Во рамките на истрагата за местење на натпревари и обложување во турскиот фудбал, обвинителството во Истанбул објави дека се уапсени 24 лица, меѓу кои и поранешниот потпретседател на Галатасарај, Ерден Тимур. Уапсен е и потпретседателот на Ејупспор, Фатих Кулаксиз, како и еден функционер од Турската фудбалска федерација.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Обвинителството во Истанбул извести дека издале 29 налози за апсење, од кои 14 се однесуваат на фудбалери што се обвинети дека се обложувале на порази на нивните тимови. Шестмина од фудбалерите се осомничени дека се обложувале и влијаеле на исходот од средбата Касимпаса – Самсунспор од октомври 2024 година.

Ова е трет бран на апсења во рамките на истрагата за местење натпревари и обложување во турскиот фудбал. Поради тоа, во ноември Турската фудбалска федерација суспендираше 150 судии. Исто така, суспендирани се речиси илјада фудбалери, од кои 25 од Првата лига, додека останатите играат во клубови од втората, третата и четвртата турска лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лукаку го одигра последниот натпревар за Наполи

Напаѓачот на Наполи Ромелу Лукаку нема да учествува во последните два натпревари на тимот …