
Манчестер сити минатата година во јануари потроши речиси 200 милиони фунти на нови играчи, што беше износ вложен во освежување на тимот поголем од половината од потрошувачката на сите клубови во Премиер лигата. Тогаш како опции за првиот тим пристигнаа Омар Мармуш и Нико Гонзалес, додека Витор Реис и Абдукодир Хусанoв беа потпишани како залог за иднината. Се очекува Сити да биде активен и во овој зимски преоден рок.
Не е познато кој би можел да го напушти клубот, но шпанските медиуми пишуваа дека Барселона го сака хрватскиот стопер Јошко Гвардиол. Пред отприлика две и пол години Манчестер Сити го сруши рекордот за најскапиот одбранбен играч во историјата плаќајќи на Лајпциг 90 милиони евра за Јошко Гвардиол. Хрватскиот репрезентативец брзо стана незаменлив член на стартната постава под водство на Пеп Гвардиола, а така е и денес.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Мундо Депортиво пишуваше дека Гвардиол е одбранбен играч кој најдобро одговара на она што го бара Барселона, иако се свесни дека Манчестер Сити тешко ги продава своите клучни играчи. Сепак, потенцијалното заминување на тренерот Пеп Гвардиола следното лето би можело да отвори ново поглавје во клубот и да оди во полза на Барселона, која потоа би реагирала во летниот преоден рок.
Идеите на Сити за јануарскиот преоден рок:
Антоан Семењо
Сити активно го следи напаѓачот на Борнмут, кој во својот договор има откупна клаузула од 65 милиони фунти, која може да се активира уште во јануари. Речиси е сигурно дека 25-годишникот ќе ја напушти актуелната екипа, а за неговите услуги се заинтересирани целиот низ клубови, вклучувајќи го и градскиот ривал Манчестер Јунајтед. Во трката се и Челси и Ливерпул, кои го следат веќе долго време, додека се споменува и интересот на Тотенхем.
Оскар Боб
Крило напаѓачот поседува огромен потенцијал и се чинеше дека е спремен за клучна улога на почетокот од минатата сезона, но скршеница на ногата во август ги уништи тие планови. Оваа сезона се бори за минути, а шансите што ги доби не ги искористи. Заминувањето во јануари изгледа како многу веројатна опција, било да се работи за позајмица или траен трансфер.
Калвин Филипс
Англискиот играч за врска веќе околу три години не е во плановите на Манчестер Сити. И покрај тоа што неодамна влезе од клупата против Хадерсфилд на раната фаза од Карабао купот, јасно е дека за него нема иднина на Етихад. Клубот ќе му дозволи заминување ако пристигне задоволителна понуда.
Клаудио Ечевери
Откако изненадувачки дебитираше во финалето на ФА купот, постигна гол и привлече внимание на Светското клубско првенство, кариерата на младиот Аргентинец не се движеше според планот. Позајмицата во Баер Леверкузен се чинеше како добар потег, но менаџерот кој го донесе, Ерик тен Хаг, доби отказ во воведните недели од сезоната, по што Ечевери се бореше за шанса. Следниот месец ја напушта Германија.
Јахмаи Симпсон-Пуси
Слично на Ечевери, Симпсон-Пуси се мачи со минути на позајмица во Селтик. И тој претрпе промена на тренерот, а малку кој можеше да предвиди ваква тешка сезона низ која поминува шкотскиот великан. Младиот одбранбен играч, кој веќе има дебитиран за сениорската екипа на Сити, треба нов почеток за да го покаже својот талент, а заминувањето на нова позајмица во јануари изгледа како логичен чекор.