Дома Останати Кошарка Никола Јокиќ одигра натпревар каков што никогаш не е виден во НБА за Божиќ (Видео)

Никола Јокиќ одигра натпревар каков што никогаш не е виден во НБА за Божиќ (Видео)

Според традицијата, секогаш на Божиќ се играат натпревари во НБА лигата, и така беше и оваа година, а овој пат исходот беа некои неверојатни резултати.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Еден од најголемите пресврти во последната четвртина некогаш се случи синоќа во режија на Њујорк Никс против Кливленд, кои на крајот остварија победа.

Кливленд на овој натпревар на почетокот на последната четвртина имаше предност од дури 17 разлика, но ниту тоа не им беше доволно за да остварат победа.

Кошаркарите на Њујорк Никс одиграа одлично во последната делница, и се вратија во натпреварот пет минути пред крајот на судирот.

Следеше вистинска драма во последните минути, а на крајот победија домашните кошаркари со 126:124.

Тежок пораз на својот терен и тоа на Божиќ доживеаја кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс и тоа од Хјустон Рокетс.

Гостите запишаа лесна победа, а Дончиќ по натпреварот не беше воопшто задоволен од својата, како и од играта на своите соиграчи.

Сепак, приказната на вечерта е неверојатниот Никола Јокиќ кој приреди неверојатна игра на Америка за Божиќ.

Јокиќ веќе по првата четвртина на натпреварот против Минесота постигна 18 поени, а имаше и пет скокови, четири асистенции, а и две блокади.

Јокиќ продолжи со одлична игра и во втората четвртина, а веќе во третиот период на игра забележа трипл-дабл. Во тој момент имаше 27 поени, 11 скокови и десет асистенции.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Пелистер прегазен во Скопје, МЗТ ќе игра за нова титула!

МЗТ Скопје со убедлива победа од 87-58 против Пелистер обезбеди пласман во финалето на мак…