
Како да нема крај на реакциите во македонскиот фудбал, последен кој се огласи сега е Николче Новески.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Поранешниот дефанзивец кој сега исто така има улога во федерацијата реагираше по денешното ново обраќање на Игор Ангеловски.
Новески порача дека репрезентацијата и фудбалот треба да бидат над сите.
“Мислам дека е времe за нови лица и создавање на нови стручни кадри во фудбалот.
Секој треба да добие шанса, а времето ке покаже дали е оправдана довербата. Македонскиот фудбал и репрезентацијата не смеат да бидат заложници на поединец, особено не на човек кај кого личната суета и карактерот излегуваат во преден план.
Во ваков момент ни треба целосна поддршка за репрезентацијата, ангажираност и сплотеност од сите што ѝ мислат добро, а не обиди за самопромоција и поделби.
Репрезентацијата е над секое име и над секој поединечен интерес. Лични битки и фрустрации не ѝ носат ништо добро на Македонија”, порача поранешниот наш репрезентативец.