
Фудбалскиот клуб Манчестер Сити ќе биде активен во зимскиот преоден рок.
Како што е познато, Антоан Семењо е блиску до „Етихад“, бидејќи одлучи да го засили Манчестер Сити, но јасно е дека тогаш некој ќе мора да замине.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
За почеток, тука се отфрлените играчи кои не играат оваа сезона, а тоа се Калвин Филипс и Оскар Боб. Филипс отиде на позајмица во Вест Хем, каде што исто така не се истакна, па е јасно дека за него пак нема место ни во Сити. За Боб се веруваше дека би можел да се наметне, но конкуренцијата на крилните позиции сепак е преголема, а ќе биде уште поголема кога ќе дојде Семењо. Среќа, тој ќе има сигурно добри понуди за да се наметне за Светското првенство наредното лето.
Да потсетиме, се шпекулира дека би можел да замине и Нејтан Аке, кој е една од опциите за Барселона, но преговорите се далеку.