Дома Фудбал Како ќе се справи Ливерпул без Исак и Салах?

Како ќе се справи Ливерпул без Исак и Салах?

Aрне Слот оваа сезона се соочува со низа предизвици, започнувајќи од низата порази од девет меча во последните дванаесет натпревари до бурното интервју на Мохамед Салах. Сега, главното прашање кое го преокупира „Eнфилд“ е како Ливерпул ќе функционира без Александер Исак, напаѓачот за кој исплатија 125 милиони фунти, кој поради сериозна повреда ќе отсуствува неколку месеци од теренот, објави BBC.

Шведскиот напаѓач тешко се прилагодуваше на животот во Ливерпул откако во летниот трансфер го напушти Њукасл, но неговиот гол против Тотенхем покажа зошто клубот вложи толку средства во него. Кога конечно започна да влегува во форма, следуваше тежок удар. „Треба да сте на врвот од вашата игра за да влијаете на натпреварот. Потребни ни беа месеци за да го доведеме во форма. Секогаш знаевме дека ќе му треба време, токму затоа е жално што сега е повреден“, изјави Слот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Mенаџерот на Ливерпул потврди дека повредата е „долгорочна“ и дека Исак ќе биде надвор од стројот „неколку месеци“, што значи дека веројатно нема да го видиме на теренот пред март.

Кои се опциите на Ливерпул?

Останува да се види дали клубот ќе бара нов напаѓач во јануарскиот трансфер период, со оглед на тоа дека скапи краткорочни решенија не се дел од деловниот модел на Ливерпул. За среќа на Слот, Хуго Екитике игра одлично и веќе постигна осум голови во првенството, а менаџерот посочува дека 23-годишникот „се прилагоди на Премиер лигата“.

На прашањето за можноста Харви Елиот да се врати од позајмица во Астон Вила, Слот е јасен: „Харви е играч на Астон Вила и треба да остане таму една година. Ако прашањето е за него, тогаш треба да прашате во Вила, која, патем, оди прилично добро.“

Тактичка промена која носи резултати

Последниве недели Слот веќе го прилагоди системот, нешто што овозможи низа од шест меча без пораз. Иако Ливерпул не доминира убедливо, тактичките промени донесоа подобра контрола и дефанзивна јакост, а истовремено обезбедија Исак и Екитике да играат заедно.

Во последните три натпревари, Слот користеше ромбоидна формација во средниот ред. Против Интер, Екитике и Исак беа во нападот, додека зад нив играа Куртис Џонс, Доминик Собослаи, Рајан Гравенберч и Алексис Мак Алистер. Во посед на топката, Џонс или Гравенберч се повлекуваат во задната линија, додека Собослаи и Вирц преминуваат во средината од крилните позиции, а бековите обезбедуваат ширина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трагедија: Почина вереничката на фудбалер на Ајакс, целиот стадион плачеше (Видео)

Деветнаесетгодишниот фудбалер на Ајакс II се соочува со страшна лична трагедија, откако не…