
Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ќе влезе во наредната борба против Арсенал со значително засилување, бидејќи преговорите за трансферот веќе се наоѓаат блиску до завршување.
Во моментов, Сити е позади Арсенал за само два бода, додека претходно „Топчиите“ беа во далеку подобра позиција. “Граѓаните” уште имаат реални шанси да се дојдат до врвот, а притоа ќе добијат значително засилување.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Според извештаите на „Би-Би-Си“, се работи на договор со Антоан Семењо од Борнмут. Ганецот, кој има 25 години, може да биде најголемата ѕвезда на зимскиот трансфер период.
Семењо, како еден од најбараните играчи во лигата, привлече интерес од речиси сите големи клубови во Премиер лигата, освен Арсенал. Меѓутоа, на Етихад сметаат дека токму тие се најблиску до финализирање на договорот.
Клаузулата му дозволува на Семењо да замине во јануари за 72 милиона евра – плус пет милиони евра бонуси – но само до 10 јануари. По тој датум, можностите се затвораат. Свесни за оваа ситуација, во Сити прават решителен потег за да се стават пред конкуренцијата.
Напаѓачот, кој постигна осум гола и запиша три асистенции во тринаесет натпревари во Премиер лигата, неодамна постигна два гола откако беше изложен на расистички навреди.
Се чини дека Манчестер Јунајтед се повлече од интересот за Семењо, убеден дека Сити веќе има договор. Ливерпул размислуваше за негово ангажирање по повредата на Исак – фрактура на фибулата, што го држи надвор од терените два месеца. Челси се распрашуваше за личните околности на играчот, додека Тотенхем веќе прифаќаат дека се во неповолна позиција.