Дома Фудбал На повидок „војна“ во Премиер лигата: Додека Ливерпул го бара новиот напаѓач по повреда на Исак, Манчестер Сити им ги нарушува плановите!

На повидок „војна“ во Премиер лигата: Додека Ливерпул го бара новиот напаѓач по повреда на Исак, Манчестер Сити им ги нарушува плановите!

Напаѓачот на Ливерпул, Александар Исак, доживеа скршеница на ногата, што го вклучи алармот во раководството на клубот од Енфилд. Веднаш започнаа потрага по соодветна замена во нападот. Прв на листата на „Црвените“ е Антоан Семењо од Борнмут, за кого актуелниот шампион на Премиер лигата нема да штеди средства. Но, од Островот пристигнуваат вести дека и Манчестер Сити се вмешува во трката за овој гански напаѓач.

Според англиските медиуми, Манчестер Сити има предност во преговорите за ангажирање на Семењо, бидејќи разговорите со напаѓачот на Борнмут се во завршна фаза!

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Иако 25-годишниот фудбалер привлече интерес и од други клубови во Премиер лигата, очигледно е дека неговиот избор е „граѓаните“, што им дава значителна предност во преговарачкиот процес.

Манчестер Сити настојува да ги разбие трошоците на повеќе рати, барајќи „златна средина“ за да ја финализираат зделката.

Сезонава, Семењо има одиграно 16 натпревари во Премиер лигата за Борнмут, при што постигна осум голови и оствари три асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона го насочи својот интерес кон својот кошмар

Од Барселона го насочиле вниманието кон напаѓачот на Атлетико Мадрид, Александер Сорлот, т…