
Вербалниот конфликт меѓу фудбалските гиганти Реал Мадрид и Барселона околу судењето во Ла Лига продолжува со нова епизода. Сè започна со традиционалната новогодишна здравица на претседателот на Реал, Флорентино Перез. Перез, во својот говор, значајно се осврна на судиските одлуки, потенцирајќи го така наречениот случај Негреира како и актуелните судењата кои, според него, го оштетиле Реал оваа сезона. Во одговор, претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, го обвини Перез дека страда од “акутен барселонитис”.
Сега во овој спор се вклучи и Хавиер Тебас, претседателот на Ла Лига. Во интервју за каталонскиот Sport, тој изјави: “Во оваа ситуација, не Барселона ја создава напнатоста. Не го прават тоа ни останатите клубови. Реал е тој кој се поставува против сè. Против Барселона, против судиите, против сите. Она што го прават е погрешно и нивната приказна не помага никому”.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Тебас истакнува дека е особено опасно што Реал ги поврзува тековните судиски грешки со настани од минатото: “Тие тврдат дека она што се случува сега со одредени грешки на судиите е резултат на случувањата од 2019 или 2017 година. Тие се обидуваат да создадат приказна дека судиите сега се под некаков влијание. Тоа е многу опасно бидејќи не е вистинито. Реал ја создаде оваа нарација која резултира во напнатост”.
Тебас се осврна на случајот Негреира: “Сите веќе знаат што мислам за случајот Негреира. Не тврдам дека одлуките на Барселона, односно на водечките луѓе во клубот во тој период, не беа проблематични. Ние први се обративме до јавниот обвинител и први рековме дека треба да се спроведе истрага и, ако е потребно, да се изречат санкции”.
Но, Тебас подцртува дека е невешто и неодговорно да се поврзуваат денешните судиски грешки со тој случај: “Денес да се тврдеше дека неосудениот пенал за Реал е последица од тоа? Па, тоа е голема разлика. Така се подгрева напнатоста преку клупската телевизија. “