
Плановите за одигрување на натпреварот од италијанското првенство помеѓу фудбалерите на Милан и Комо во Австралија се откажани.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Италијанската лига заедно со локалните организатори денес најавија дека двата клуба нема да настапат во Австралија.
Претседателот на Серија А, Ецио Симонели, изјави дека Азиската фудбалска конфедерација неодамна поставила неприфатливи барања, кои ја попречуваат организацијата на натпреварот.
Милан е во потрага по алтернативна локација за одигрување на натпреварот на 8 февруари, бидејќи стадионот Сан Сиро ќе биде недостапен поради церемонијата за отворање на Зимските олимписки игри во Милано и Кортину.