Дома Фудбал Матиќ жали за Јунајтед: Овој тренер требаше да остане подолго!

Матиќ жали за Јунајтед: Овој тренер требаше да остане подолго!

Пет години мина Немања Матиќ во Манчестер јунајтед и во тоа време имаше дури четири тренери. 

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Го донесе Мурињо, добро е познато дека португалскиот стратег го обожава српскиот фудбалер и дека со него како задњи играч среде поле во Челси постигна најголеми успеси во кариерата, а по него се редеа Оле Гунар Солскјер, Мајкл Керик и Ралф Рангник. 

Во разговор за “Fourfourtwo”, Немања Матиќ изјави дека Солскјер можеби требаше да остане подолго. 

Завршивме како втори и како трети со него. Се сеќавам дека атмосферата беше таква што никој не беше задоволен со второто место. Од оваа перспектива, направивме одлични нешта. 

Мислам дека Оле заслужи повеќе време. Не мислам само на него, туку и на неговите помошници, Керик и Мекена. Тие беа на прав пат да го вратат Јунајтед на вистинскиот пат”, рече Матиќ. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чуамени испрати порака по тепачката со Валверде: Ова е неприфатливо, но…

Во Реал Мадрид избувна голема внатрешна тензија по наводниот инцидент на тренинг, во кој, …