
Американскиот боксер и Јутјубер Џејк Пол предизвика лавина на коментари на социјалните мрежи веднаш по излегувањето од здравствената установа, откако беше примен поради нокаутот што му го зададе Ентони Џошуа.
Во петтата рунда од борбата која се одржа во петокот, Пол претрпе сериозна повреда. Набрзо потоа, Џошуа го доби мечот со очигледно супериорна серија на удари.
Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?
Со овој триумф Џошуа го подобри својот рекорд на 29 победи и 4 порази, додека Пол остана со биланс од 12 победи и 2 порази. Сепак, исходот од борбата за Пол заврши со скршеница на вилицата, и следеше болничка нега.
По враќањето дома, Пол направи контроверзна објава на своите профили, покажувајќи ја уште еднаш својата луксузна страна на живеење.
Јутјуберот сподели слика од приватен авион, опкружен со мнгу пари, Луј Витон ташни и неколку пиштоли. Во описот, тој постави мотивациска порака.
“Американски сон. Започни својот денес. Верувај во него. Ако паднеш, учи. Ако паднеш, не прекинувај”, гласеше неговата порака.