
Се подготвува реновирање на последната линија на одбрана на Милан.
Италијанските медиуми јавуваат дека „росонерите“ веќе се договориле со стоперот на Борусија од Дортмунд. Никлас Шуле има договор со германскиот клуб до следното лето и веќе од јануари може да ја смени средината. Него во разговорите со Милан го претставува Франческо Романо кој веќе ги донесе Јашари и Окафор на Сан Сиро.
Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?
Исто така, управата на клубот е на праг и на потпис со стоперот на Ливерпул.
Во Серија А доаѓа Џо Гомез. Поранешниот дефанзивец на Кристал Палас и англиски репрезентативец. Гомез оваа сезона не е во преден план кај менаџерот Слот. Само 246 минути во Премиер лигата се показател дека мора да ја промени средината.
Милан добива два нови стопери кои заедно со Страхиња Павловиќ треба да создадат бедем пред голот на „росонерите“.