Дома Фудбал Лампард направи хаос, фудбалери го бркаа на теренот (Видео)

Лампард направи хаос, фудбалери го бркаа на теренот (Видео)

Легендарниот англиски фудбалер денес тренер, Френк Лампард предизвика вистинска бура по нерешениот резултат на неговиот Ковентри против Саутемптон на Сент Мери, и тоа поради начинот на кој го прослави освоениот бод пред домашните навивачи.

Премиерлигашката легенда беше видно задоволна што неговиот тим успеа да дојде до крајот на натпреварот со 1-1 иако играше со играч помалку уште од 47. минута.

Еуфоријата на Лампард се претвори во енергично стегната тупаница и подигнат палец горе, гест кој очигледно беше упатен кон домашните навивачи. 

Во текот на натпреварот, Саутемптоновата публика навредувачки му дофрлаше, па дури и користеше вулгарности, што веројатно дополнително ја распали атмосферата.

Првиот кој се стрча да се конфронтира со Лампард беше напаѓачот на Саутемптон, Лео Сијенца. Брзо се приклучија играчи и членови на стручните штабови од двете екипи, па теренот стана сцена на турканици и конфликти.

Во срцето на инцидентот се најде и англискиот репрезентативец Тејлор Харвуд-Белис, кој му пријде на Лампард и му се внесе во лице додека ситуацијата стануваше се понапната со секоја секунда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мак Алистер сака да остане, но Ливерпул засега нема план за нов договор

Аргентинецот откри дека минатата сезона добил порака оти не се планира продолжување на сор…