
Некогашниот светски шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа, го нокаутираше Џејк Пол во шестата рунда, но првите четири рунди наликуваа на сѐ освен на бокс меч.
Пред мечот, боксерите се договорија рингот да биде поголем од стандардниот, така што наместо во ограничен простор 4,9 со 7,3 метри, тие се бореа во ринг со димензии 6,7 со 6,7 метри.
Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?
Пол ја искористи таа предност во првите четири рунди со тоа што речиси бегаше од Џошуа и се обидуваше да го избегне со користење на јажето. На крајот од четвртата рунда, судијата Кристофер Јанг изгуби трпение со нивното однесување и ги повика на краток разговор.
“THE FANS DIDN’T PAY TO SEE THIS CRAP.”
— Netflix Sports (@netflixsports) December 20, 2025
THE REF TO JAKE PAUL AND ANTHONY JOSHUA 😨
LIVE NOW ONLY ON NETFLIX! #JakeJoshua pic.twitter.com/T56lwxTuEh
“Слушајте, фановите не платија за да гледаат оваа глупост. Ако сте тука за борба, борете се,” им рече Јанг.
Овој говор на судијата се покажа како клучен момент во борбата, бидејќи во петтата рунда Џошуа два пати го испрати Пол во нокдаун, во шестата уште еднаш. Кога Американецот успеа да се стабилизира и продолжи со мечот, Џошуа направи неверојатна серија завршувајќи со десен директ, со што го нокаутираше Пол.