Дома Фудбал „Земјотрес“ од Шпанија: Барселона се пушти во трка по важен фудбалер на Манчестер сити

„Земјотрес“ од Шпанија: Барселона се пушти во трка по важен фудбалер на Манчестер сити

Пред околу две и пол години Манчестер Сити го сруши рекордот за најскап дефанзивец во историјата, плаќајќи на Лајпциг 90 милиони евра за Јошко Гвардиол. Хрватскиот репрезентативец бргу стана незаменлив член на водечката постава на Пеп Гвардиола, а неговите одлични игри привлече вниманието на еден од најголемите светски клубови, Барселона, која сега го гледа како голема желба, пишува каталонскиот „Мундо Депортиво“.

Шпанскиот гигант веќе почна да кова планови за следното лето и приоритет е зајакнување на одбраната. Клубот се соочува со два проблема во задната линија: 26-годишниот Роналд Араухо мораше привремено да ја прекине кариерата за да се посвети на менталното здравје, додека договорот на Андреас Кристенсен (29) истекува на крајот од сезоната, а поради високата плата клубот нема да му понуди нов. Поради тоа Барселона интензивно го пребарува пазарот во потрага за барем еден врвен стопер.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Според пишувањето на каталонскиот лист, две имиња посебно се истакнуваат како идеални решенија кои би можеле да ја обезбедат Барселонската одбрана за наредните четири до пет години: Јошко Гвардиол (23) и Алесандро Бастони (26) од Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок за Тудор: Не може да поверува што му се случува во Лондон!

Хрватскиот стратег Игор Тудор пристигна во Тотенхем со надеж дека ќе го спаси лондонскиот …