Дома Фудбал Росонерите купуваат напаѓач на Партизан за 5.000.000 евра!

Росонерите купуваат напаѓач на Партизан за 5.000.000 евра!

Фудбалскиот клуб Партизан во оваа полусезона промовираше голем број млади фудбалери. Во Хумска сметаат дека со нивната продажба би можеле да ги решат големите финансиски проблеми поради кои се и сега во блокада од страна на ФИФА.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Како што пренесува Газета Дело Спорт, фудбалскиот клуб Милан го сака младиот Црногорец Андреја Костиќ.

Тие го следеа на натпреварот помеѓу младинските репрезентации на Црна Гора и Италија.

Според информациите, цената што ја бара Партизан е помеѓу 5 и 10 милиони евра. Планот на Милан е по купување да го префрлат во тимот Милан Футуро кој игра во Серија Д.

Костиќ дојде во Хумска од подгоричката Будуќност.

Го нарекуваат новиот Влаховиќ бидејќи по стасот неодоливо потсетува на напаѓачот на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мундијалот уште не почнал, а Нејмар го загрижи Анчелоти – не се појави на првиот тренинг!

Цел Бразил беше во екстаза кога Карло Анчелоти реши да го повика Нејмар за претстојниот Му…