Дома Фудбал Шкендија денеска игра за историски плеј-оф!

Шкендија денеска игра за историски плеј-оф!

Eкипата на Шкендија уште пред седум дена ја спушти завесата на настапите во ПМФЛ за оваа полусезона. Тетовчани не успеаја да го освојат признанието „есенски првак“, а во меѓувреме им дозволија на Вардар и на Струга Трим Лум да создадат солидна предност на врвот на табелата. Цената за тоа, без сомнеж, беше платена на европската сцена.

Оваа сезона Шкендија испиша нова страница во клупската историја, откако за првпат настапува во лигашка фаза од едно натпреварување под капата на УЕФА. Во последното коло од групниот дел македонскиот претставник ќе има тешко гостување на Кипар против АЕК Ларнака, клуб кој во минатото го носеше дресот и Иван Тричковски. Победата над Слован Братислава ги разбуди надежите за пласман во плеј-офот, па дуелот на Кипар за Шкендија добива карактер на вистински „да или не“.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Успехот против словачкиот шампион ја врати вербата во тимот од Тетово, иако горчливото реми со Јагјелонија примениот гол во самата завршница, како и поразот од Дрита, сè уште се свежи во сеќавањата. Сепак, тие моменти сега мора да останат зад екипата, ако целта е продолжување на европската приказна и напролет.

АЕК Ларнака, од друга страна, бележи многу посигурни настапи на меѓународната сцена. Иако во домашното првенство не е на очекуваното ниво, кипарскиот тим во Конференциската лига по четири одиграни кола запиша две победи и две ремија. На свој терен го совлада АЗ Алкмар и одигра без победник со Абердин, а со таков учинок логично е да влезе како фаворит и во пресметката со македонскиот шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Два гиганти во ред за Влаховиќ, приказната станува се’ поинтензивна!

Душан Влаховиќ е повреден и сигурно нема да се врати до крајот на февруари, станува збор з…